Дома Фудбал Лига на шампиони Грижи за Алегри! – Како против Реал без петмина првотимци?!

Грижи за Алегри! – Како против Реал без петмина првотимци?!

„Maрка“ пишува дека Алегри се соочува со големи проблеми пред првиот ¼ финале натпревар против шампионот на Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Под знак прашалник е настапот на дури петмина стандардни првотимици.

Поради суспензија Масимилијано Алегри не ќе може да смета на Миралем Пјаниќ и Мехди Бенатија, а поради повреда натпреварот би можеле да го пропуштат уште Алекс Сандро, Сами Кедира и Џорџо Киелини.

Споменатите тројца се повредија во текот на репрезентативните обврски.

Првиот ¼ финален натпревар помеѓу Јувентус и Реал Мадрид е закажан за 3 април во Торино, додека реваншот се игра осум дена подоцна во Мадрид.

Да потсетиме дека Реал го декласираше Јувентус во минатогодишното финале во Лигата на шампионите со 4:1, па јасно е дека без овие петмина на „старата дама“ ќе и биде навистина тешко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Меси го подобри рекордот на Клозе и сега е со најмногу голови во историјата на светските првенства

Суперѕвездата на Аргентина и светскиот фудбал Лионел Меси го испрати во историјата рекордо…