Дома Фудбал Англија Грем Потер пред изненадувачко враќање во поранешниот клуб?

Грем Потер пред изненадувачко враќање во поранешниот клуб?

Фудбалскиот клуб Брајтон е сериозно заинтересиран да го врати Греам Потер на својата клупа, тврдат медиумите на Островот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Брајтон и Де Зерби решија да се разделат по две сезони, клубот бара решение, а тоа би можел да биде Потер.

Англичанецот славата ја стекна токму во Брајтон, каде дојде од Свонси во пролетта 2019 година. Потер остана на клупата до септември 2022 година, но потоа не можеше да ја одбие понудата на Челзи да го замени Томас Тухел.

Сепак, тој не се прослави на „Стемфорд Бриџ“ и доби отказ по осум месеци и од тој април 2023 година е без работа.

Беше поврзуван со неколку клубови, се споменуваше и Кристал Палас, но до конкретни преговори не дојде. Исто така, тој беше сериозна опција за Ајакс, но на крајот управата на холандскиот гигант се одлучи за Франческо Фариоли од Ница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …