Дома Фудбал Италија Го шокираше Интер па испрати порака до Милан: Чекам со позајмица да ми се заблагодарите

Го шокираше Интер па испрати порака до Милан: Чекам со позајмица да ми се заблагодарите

Болоња го шокираше Интер во заостанатиот натпревар од Серија А и така сега Милан на четири кола пред крајот е во пол-позиција за Скудетото.

Тимот од Ренадо Дал’Aра славеше со 2:1 и така го стави Милан лидер. Херој на Болоња беше Никола Сансоне кој во 82. минута го постигна голот за водство после катастрофалната грешка на голманот на Интер Раду. На теренот Сансоне влезе само пет минути порано на местото на Бароу.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


После натпреварот Сансоне даде интересна изјава во која испрати порака до Милан.

„Се надевам дека во Милан го гледаа натпревар. Можеби Паоло Малдини или некој друг од клуб ќе ме побара со позајмица да ми се заблагодарат, па и јас да заиграм во Лигата на шампионите“, изјави Сансоне после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Традицијата вели: Македонија денеска ќе победи! (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 18 часот на Националната арена „Тодор Про…