Дома Фудбал „Го украдоа Скудетото, имаше неверојатни скандали со судиите“

„Го украдоа Скудетото, имаше неверојатни скандали со судиите“

Серија А отсекогаш била лига преполна со контроверзи, а многу често се споменуваат и наместени натпревари од страна на судиите.

Легендарниот Марко ван Бастен во разговор за АС изнесе жестоки критики на сметка на Наполи тврдејќи дека го украле Скудете освоено во 1990. година.

„Направија се што е можно за Наполи да ја освои титулата. Новите правила дозволуваа победникот од Купот на шампионите и шампионот да играат во Купот на шампионите. Ние го освоивме Купот на шампионите и направија се да не го освоиме првенството за да нема два претставника во најсилното европско натпреварување.“ – рече Ван Бастен и додаде:

„Имаше неверојатни скандали против Милан, Интер и Верона, додека константно судеа во корист на Наполи. Им беше подарен натпреварот против Аталанта кој го добија на зелена маса со резултат 0:2. Наполи стана првак во канцеларија.“

Наполи таа сезона заврши на првото место со 51 бод, два бода повеќе од Милан. Наполитанците до тогаш не биле прваци на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Животот без Меси почна со пораз: Уругвај ја замолкна „Бомбонера“

Аргентина загуби со 1:2 во првиот настап по заминувањето на Лионел Меси. Ниту разиграниот …