Дома Фудбал Останато Го откри Еден Азар, а сега стана спортски директор на Хајдук

Го откри Еден Азар, а сега стана спортски директор на Хајдук

Eкипата на Хајдук се раздели со Никола Калиниќ кој ја извршуваше функцијата спортски директор во клубот, а на негово место беше доведе Французинот Франсоа Витали.

Станува збор за човек кој има 20 години искуство во фудбалот на различни функции во француски Лил, но и во белгиските Ројал Мускрон и Серкл Бриж. Зад себе има големо искуство во работата со развој на млади играчи, но знае како функционираат развојните системи на големите европски клубови.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Познат е по тоа што препознава и доведуа талентирани млади играчи, а најпознат е Еден Азар“, стои во објавата на Хајдук со која се потврди неговиот ангажман.

Својата кариера ја започна во Лил каде и што го доведе Азар во 2017 година, подоцна Белгиецот направи трансфер во Челзи, а од таму во Реал Мадрид, но во шпанскиот гигант не ги исполни очекувањата.

Лил во неговата ера шест пати играше во Лигата на шампионите, трипати во Лига Европа и успеа да освои една титула во Лига 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус на радарот има играчи на Милан, Рома и Баерн

Во Јувентус се ангажирани на доведување на тројца играчи чии договори истекуваат на крајот…