Дома Топ вести Готово: Јунајтед го прави Мегваер најскап дефанзивец во историјата!

Готово: Јунајтед го прави Мегваер најскап дефанзивец во историјата!

Англиските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед го договорил трансферот на Хари Мегваер од Лестер, кој ќе стане најскап дефанзивец во историјата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, „црвените ѓаволи“ за потписот на англискиот репрезентативец се согласија да платат 89 милиони евра, четири милиони повеќе од сумата што му ја исплати Ливерпул на Саутемптон за Вирџил ван Дајк.

Се очекува 26-годишниот Мегваер утре да стигне во Манчестер каде ќе ги заврши лекарските прегледи, а веднаш потоа ќе следи и потпишувањето на договорот.
Лестер веќе ја пронаде и неговата замена, ќе пристигна Луис Данк од Брајтон за 50 милиони евра.

Минатата сезона, Мегваер одигра 32 натпревари за Лестер и постигна 3 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…