Дома Топ вести Готово: Суарез во Атлетико, Мората во Јувентус

Готово: Суарез во Атлетико, Мората во Јувентус

Раководството на Барселона и Луис Суарез конечно постигнаа договор за раскинување на соработката, пренесуваат шпанските медиуми.

Уругваецот се согласил да се откаже од еден дел од платата и како отштета ќе добие 7 милиони евра од каталонскиот клуб.

Со тоа Суарез станува слободен агент и слободно ќе може да потпише со Атлетико Мадрид, со кого веќе постигна договор. Неговиот трансфер на „Ванда Метрополитано“ се очекува да биде официјализиран во следните денови.

Тоа значи дека Атлетико ќе го ослободи Алваро Мората и веќе ја прифати понудата на Јувентус, кој утрово понуди 10 милиони евра за едногодишна позајмица и 45 милиони евра за откуп следното лето.

Двата трансфери се поврзани еден со друг, а медиумите тврдат дека се е договорено и Мората утре треба да пристигне на лекарски прегледи во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан се договори со француски репрезентативец

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е на добар пат да го обезбеди потписот на ѕве…