Дома Трансфер зона Готово: Реал ја закажа презентацијата на Азар во понеделник!

Готово: Реал ја закажа презентацијата на Азар во понеделник!

Мадридскиот весник „АС“ ексклузивно пренесува дека Реал Мадрид ќе го претстави Еден Азар во понеделник на 3-ти јуни.

Веќе подолго време стигнуваат потврди од сите страни дека „кралевите“ го договориле трансферот на Азар, кој треба да биде првото големо засилување за следната сезона.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Вечерва се игра финалето во Лига Европа, што треба да биде последен натпревар на Азар во дресот на Челзи, а потоа се сели во Мадрид.

Медиумите на Островот утрово пренесоа дека е постигнат комплетен договор и дека Реал за потписот на Азар ќе плати 115 милиони фунти, а Белгоецот во Мадрид ќе заработува 400.000 фунти неделно.

Весникот близок до Реал Мадрид, „АС“, од свои добро упатени извори пренесува дека клубот ќе го претстави Еден Азар на 3 јуни.

Вчера и првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез призна дека е оптимист за реализација на трансферот на Еден Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан и Тотенхем блиску до договор за Емерсон

Милан и Тотенхем се блиску до договор за трансфер на десниот бек Емерсон Ројал, пренесуваа…