Дома Фудбал Готово: Манчестер Сити го договори првото големо засилување за следната сезона

Готово: Манчестер Сити го договори првото големо засилување за следната сезона

Манчестер Сити веќе почна да го составува тимот за следната сезона. Иако е само февруари, управата на тимот од Англија веќе го договори првото засилување за следната сезона.

Станува збор за фудбалер кој моментално игра во најголемиот хит кога е европскиот фудбал во прашање. Секако, станува збор за тимот на Џирона, чии играчи привлекоа големо внимание.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Во редовите на Џирона е Бразилецот Савио Мореира кој има 19 години и е позајмен од францускиот второлигаш Троа. Тој нема да се врати таму бидејќи ќе биде жител на Етихад почнувајќи од следната сезона.

„Манчестер Сити го договори доаѓањето на Савио следното лето. Документите ќе бидат потпишани во наредните денови.

И покрај понудите од Германија и некои други клубови од Англија, Савио го избра Манчестер Сити, што е природно со оглед на тоа дека двата клуба имаат исти сопственици.

Тој е 100% фокусиран на Џирона до крајот на сезоната“, напиша Фабрицио Романо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От ПСЖ го информирале Јуве дека и други клубови прашуваат за Коло Муани

Раководството на ПСЖ го информирало колегите од Јувентус дека треба да побрзаат ако сакаат…