Дома Трансфер зона Готово е: Јувентус експресно реагираше и oбезбеди потпис на дефанзивец за 30 милиони евра!

Готово е: Јувентус експресно реагираше и oбезбеди потпис на дефанзивец за 30 милиони евра!

juventus

Јувентус оваа сезона има големи проблеми со составување на одбраната, повредите на Киелини, Брзаљи и Бонучи донесоа сериозен проблем за „старата дама“.

Во овие моменти како решенија за стоперската позиција Алегри ги има само Даниеле Ругани и повретникот Мартин Касерес, Бенатија како што е познато замина во Катар.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Поради ваквата ситуација јасно беше дека на лето клубот ќе мора да купува засилувања во одбраната. Првото веќе е обезбедено!

Како што објави човекот кој е добро упатен со случувањата во Јувентус, Ромео Агрести и кој не греши кога ќе објави нешто поврзано со гигантот од Торино – нов играч на Јувентус од наредното лето ќе биде Кристиан Ромеро од Џенова.

Ромеро има 20 години и импересионира со игрите оваа сезона и во Јувентус биле убедени дека тој е вистинско решение. Според информациите на Агрести првобитно планот на Јувентус бил да го купи Ромеро и да го остави една година на позајмица, но потоа постигнале договор за сума од 30 милиони евра тој на лето да се приклучи тимот на Алегри.

г

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анте Ребиќ се враќа во Серија А?

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ од следната сезона би можел повторно да игра во Серија А. И…