Романскиот стопер Раду Драгушин сепак го избрал, Лондон место Минхен.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Германскиот „Скај Спорт“ пренесува дека Баерн Минхен задоцнил во трката за потписот на Драгушин бидејќи дефанзивецот веќе се договорил со Тотенхем.
Новинарот Флоријан Плетенберг открива дека Тотенхем и Џенова практично договориле се околу трансферот и Спарси ќе платат сума од 25 милиони евра, плус дополнителни пет преку бонуси. Во спротивен правец ќе тргне Џед Спенс како позајмен фудбалер, станува збор за играч кој не е во плановите на Постекоглу.
Драгушин ги договорил личните услови и ќе потпише договор до 2029 година. Инаку, тој е еден од најдобро оценетите стопери во Серија А, но и цела Европа и одреден период е на мета на големите клубови.
Интерес за неговите услуги покажаа и Наполи и Милан, меѓутоа Романецот го избрал Тотенхем.