Дома Трансфер зона Готово: Го имаме трансферот на летото – Лукаку во Јунајтед!

Готово: Го имаме трансферот на летото – Лукаку во Јунајтед!

Утрово како „бомба“ одекна веста која ја објавија скоро сите медиумите на Островот – Манчестер Јунајтед постигна договор со Евертон за Ромелу Лукаку.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лукаку ќе го напушти Евертон и ќе се пресели на „Олд Трафорд“, а Вејн Руни ќе тргне во спротивен правец. Меѓутоа, во договорот на Јунајтед за Лукаку не е вклучен Руни, туку станува збор за две посебни трансфер операции.

„Би-Би-Си“ пренесува дека трансферот е веќе договорен и дека Мурињо за Лукаку ќе плати 75 милиони фунти. Па така трансферот на Белгиецот ќе стане еден од 5-те најскапи на сите времиња.

Мурињо и Лукаку порано соработуваа заедно во Челзи, но таа соработка траеше кратко бидејќи „Специјалниот“ многу лесно се откажа од него.

Исто така медиумите тврдат дека покрај Лукаку, Јунајтед веќе го договорил и трансферот на Алваро Мората од Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…