Дома Фудбал Италија Готово: Газдите на Сити го купија и Палермо!

Готово: Газдите на Сити го купија и Палермо!

Meдиумите во Италија попладнево пренесуваат дека работата е завршена и газдите на Манчестер Сити сега се сопственици и на италијанскиот Палермо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според информациите попладнево биле потпишани документите за зделката вредна 13 милиони евра. Со ова Палермо ќе биде 11-тиот клуб на шеикот Мансур и „Сити Фудбал Груп“.

За споменатите 13 милиони евра „Сити Фудбал Груп“ ќе добие околу 80% од Палермо, а останатите 20 ќе ги задржи сегашниот сопственик Дарио Мири, тој и ќе продолжи да биде претседател.

Големите финансиски проблеми во Палермо започнаа во 2019 година, клубот тогаш банкротираше и беше исфрлен во четврта лига, а сезонава успеа да избори промоција во Серија Б.

Ќе потсетиме длабока трага во дресот на Палермо остави Илија Несторовски, а дресот на овој клуб го носеше и Александар Трајковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На денешен ден пред 27 години беше одиграно најшокантното финале во Лигата на шампионите (Видео)

Стадионот Камп Ноу во Барселона е местото каде што се одржале некои од најзначајните натпр…