Играчот за врска на Ајакс, Дони ван де Бек ќе се пресели во Реал Мадрид по завршување на сезоната потврдија холандски „Телеграф“ и „Марка“.
Реал минатото лето беше блиску да го доведе Ван Де Бек, но на крајот преговорите беа стопирани, но сега Холанѓаните се сигурни дека трансферот ќе се реализира ова лето.
Се е договорено, недостасуваат само потписите на документите и трансферот треба да се реализира во јуни, а Реал за неговиот потпис ќе плати 55 милиони евра.
22-годишниот Холанѓанец е еден од најдобрите играчи на Ајакс, воодушеви минатата сезона со настапите во Лигата на шампиони, а со добрите игри продолжи и оваа сезона.
Real Madrid have agreed a deal to sign Ajax midfielder Donny Van de Beek in the summer for €55M. (Source: De Telegraaf) pic.twitter.com/blRBlCf6NR
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 15, 2020