Дома Топ вести Готово: Барселона пронајде нов напаѓач

Готово: Барселона пронајде нов напаѓач

Барселона е во потрага по напаѓач, после повредите на Луис Суарез и Осман Дембеле.

Каталонците не успеаа да купат „деветка“ во зимскиот преоден рок, а после повредата на Дембеле Фубдалскиот Сојуз на Шпанија им дозволи да направат вонреден трансфер надвор од преодниот рок. Условот е играчот да биде регистриран во Фудбалскиот сојуз на Шпанија, што значи дека не можат да доведат играч од друго првенство.

Со Барселона се поврзуваат многу имиња, но разбирливо е дека клубовите тешко ги пуштаат своите играчи на средина од сезоната, па така многу клубови ги одбија понудите од Каталонците.

„Мундо Депортиво“ денес објавува дека Барселона конечно пронашла напаѓач, а станува збор за Мартин Брајтвајт, кој моментално игра во Леганес.

Брајтвајт до сега запиша 24 настапи за Леганес на кои постигна шест гола, а трансферот би требало да изнесува околу 7 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дончиќ се потсети на денот кога се запознал со Роналдо (ВИДЕО)

Лука Дончиќ е вистинска ѕвезда и прикажува одлични настапи во НБА лигата за Далас. Дончиќ …