Дома Трансфер зона Готово: Азар се сели во Борусија Дортмунд

Готово: Азар се сели во Борусија Дортмунд

0

Белгискиот репрезентативец Торган Азар во наредните денови и официјално ќе се пресели во редовите на Борусија Дортмунд.

26-годишниот Торган Азар има фантастична сезона во Борусија Мехенгладбах и за него интерес покажаа многу европски клубови, но тој реши да им се придружи на „милионерите“.

„Ги договорив личните услови со Борусија Дортмунд. Наскоро ќе биде се готово“, потврди Азар.

Тој помина пет години во редовите на Мехенгладбах и на лето влегува во последната година од договорот, а Дортмунд за неговиот потпис ќе плати 30 милиони евра.

Останува да се договорат последните детали и наскоро се очекува официјализација на трансферот.

Азар би требало да биде замена за Џејдон Санчо, кој е на мета на неколку европски гиганти и најверојатно ова лето ќе го напушти Дортмунд.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„АС“: Во враќањето на Нејмар се вклучил клучниот човек и забележано е нешто чудно

Се погласно и погласно се најавува враќањето на Нејмар во Барселона, а сега шпански „АС“ з…