Дома Македонски спорт Мак фудбал Гостивар гореше: Вака се славеше победата против Вардар 🎥

Гостивар гореше: Вака се славеше победата против Вардар 🎥

Викендов не се играше фудбал во ПМФЛ поради настапот на прволигашката селекција против Саудиска Арабија, но затоа ВМФЛ ни го донесе дербито помеѓу Гостивар и Вардар.

Натпреварот беше одлучен во првото полувреме кога Каланоски постигна гол од пенал. Поразот на Вардар го искористи Воска која сега е лидер со 23 бода, Вардар има 22, а Гостивар дојде до 21 бод.

Дуелот беше од голема важност, па затоа гостиварци триумфот го славеа и со огномет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Крај на серијата на Струга во Кратово, Шкемби со критики за судењето

Струга загуби со 1:0 од Силекс, а Бледи Шкемби смета дека неговиот тим не заслужил пораз. …