Дома Фудбал Италија Горан Пандев ѕвезда во третата епизода на серијалот на Интер! (ВИДЕО)

Горан Пандев ѕвезда во третата епизода на серијалот на Интер! (ВИДЕО)

Додека фудбалот е стопиран тимот на Интер на своите навивачи им подари видео серијал кој го носи името „Аутсајдер“.

Станува збор за серијал во повеќе епизоди, а најновата е посебно интересна за македонската јавност затоа што главна ѕвезда е Горан Пандев. Во оваа трета епизода Пандев е во главна улога заедно со Тијаго Мота кој тогаш му беше соиграч, а до пред некое време тренер во Џенова.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Целата епизода не е објавена, објавена е само најавата, додека епизодата ќе се емитува на „ДАЗН“, потоа би требало да биде достапна за пошироката јавност.

Мотото на оваа епизода е: Упорноста на Мота и Пандев која не искачи на тронот на Европа“.

Ќе почекаме да видиме со какви суперлативи Интер ја опишал македонската фудбалска икона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алегри може да се натпреварува со Конте за селектор на Италија

Тренерот на Милан Масимилиано Алегри може да биде голем конкурент на својот колега во Напо…