После еден месец надвор од терените Дарко Чурлинов на одличен начин се врати во тимот на Шалке.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вчера Шалке победи со 4:1 во рамките од 17. коло во Втората Бундеслига, а Чурлинов беше еден од најзаслужните за победата. Чурлинов беше главен „виновник“ за првиот гол откако издрибла неколку противнички играчи и шутираше кон голот. Голманот ја одби топката, но само до Овејан кој ја смести во мрежата.




Во листата на стрелци Чурлинов се запиша во 85. минута од натпреварот. Со оваа победа Шалке дојде до 29 бодови и третата позиција на табелата со што се вклучува во борба за враќање во германската елита.