Дома Македонски спорт Голманот Митревски: Загрижува тоа што сите порази ни се од европски репрезентации

Голманот Митревски: Загрижува тоа што сите порази ни се од европски репрезентации

mitrevski

Македонија денес го запиша четвртиот пораз на Светското првенство во Данска и Германија, па утре се Катар или Чиле ќе играме за 15-тата позиција.

Во денешниот пораз блескав настап имаше Никола Митревски кој собра 15 одбрани.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Митревски посебно го загрижува тоа што сите порази ни се од европски селекции.

„На ова Светско првенство изгубивме четири натпревари, а загрижува тоа што сите порази ни се од европски репрезентации. Денес како да ни фалеше и среќа. Се боревме до самиот крај, но имавме пад на концентрацијата и на крај не успеавме да се вратиме“.

„Утре пред нас е нов натпревар кој мораме да го добиеме, прво за нас, потоа и за нашите навивачи“, изјави Митревски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…