Дома Ракомет Голем удар за Французите: „Триколорите“ без капитенот до крајот на СП

Голем удар за Французите: „Триколорите“ без капитенот до крајот на СП

Репрезентацијата на Франција вчера со звукот на сирената дојде до реми против селекцијата на Германија и се пласира во следната фаза, но остана без капитенот.

Имено, натпреварот го одбележа повредата на искусниот пивотмен на „триколорите“, Седрик Сорендо.

Уште не е познато колку е тешка повредата, но Французите стравуваат дека би можеле да останат без капитенот до крајот на натпреварувањето.

„Докторите сметаат дека станува збор најмалку за истегнување. Денеска останавме на двајца одлични пивоти и квалитетниот дефанзивец Дипанда. Ќе се прилагодиме и ќе видиме што ќе направиме”, рече францускиот селектор Дидие Динар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Три проверки во Анкара за македонските ракометарки пред европскиот предизвик

Македонија ќе игра со Финска, Италија и Турција од 27 до 29 ноември. Турнирот е подготовка…