Дома Фудбал Голем удар за Каталонците: Барса останува дефицит за еден од клучните играчи против Еспањол и Јувентус?!

Голем удар за Каталонците: Барса останува дефицит за еден од клучните играчи против Еспањол и Јувентус?!

Хрватскиот репрезентативец, Иван Ракитиќ би можел да биде надвор од ростерот повеќе од очекуваното.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ракитиќ на натпреварот против Косово заработи повреда поради која не отпатува со репрезентацијата во Турција, иако се мислеше дека ќе се врати на терен за неколку дена, работите сепак се посериозни.

Како што пренесува „Мундо Депортиво“, Ракитиќ би можел да изостане од теренот и повеќе отколку што се очекуваше, па тоа значи дека нема да биде на располагање и за Барселона во претстојните два натпревари. Поточно, Хрватот, би можел да го пропушти градското дерби против Еспањол и мечот против Јувентус во Лигата на шампионите.

Доколку биде навистина така, тоа би било голем удар за Барселона, но во својот тим Валверде сепак има како да го покрие редот за врска.

За потсетување, Ракитиќ поради повредата го напушти мечот со Косово во 55. минута, кога со замени Андреј Крамариќ.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…