Дома Фудбал Големо разочарување за Роналд Куман

Големо разочарување за Роналд Куман

Тренерот на Барселона, Роналд Куман доби разочарувачки вести од раководството на клубот.

Иако се очекуваше до крајот на месецот екипата да ја засили младиот дефанзивец Ерик Гарсија од Манчестер Сити, тоа нема да се случи.

Мундо Депортиво тврди дека привремениот претседател Карлес Тускетс имал состанок со тројцата претседателски кандидати каде се зборувало за трансферот на Гарсија.

На крајот е донесено одлука Гарсија да не дојде во јануарскиот преоден рок. Младиот фудбалер ќе остане во Сити до крајот на годината, а потоа како слободен играч ќе потпиша за Барселона.

Гарсија со Барселона веќе ги договори сите услови во договорот. Сепак, поради финансиски проблеми одлучено е трансферот да се одложи за летоска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Џевад Прекази: Југословенскиот фудбал остана без уште една легенда

Џевад Прекази почина на 70-годишна возраст. Само неколку дена претходно зборуваше за карие…