Дома Македонски спорт Мак ракомет Големо интервју на „Балкан Хандбал“ со Дејан Милосављев: Никогаш не сум имал поддршка како во Македонија

Големо интервју на „Балкан Хандбал“ со Дејан Милосављев: Никогаш не сум имал поддршка како во Македонија

milosavljev

Познатиот ракометен сајт „Балкан Хандбал“ направи големо интервју со најпријатното изненадување во Вардар оваа сезона – Дејан Милосављев!

Голманот Милосављев во Вардар пристигна на мала врата, во моментите кога клубот го напушташе Арпад Штербик и некој не можеше ниту да претпостави што ќе направи Милосављев на неговиот почеток во редовите на „црвено-црните“.

Милосављев одличен на сите фронтови, а во СЕХА лигата беше прогласен и за играч на месецот во септември.

Помеѓу другото во големото интервју Милосављев зборуваше за ситуацијата во Вардар, Арпад Штербик, очекувал ли ваков старт, како е да се биде популарен кај нас…

„Дојдов на да бидам втор голман, да му помогнам на Страхиња Милиќ, но се случи тоа што се случи. Станав прв. Во еден дел се плашев од предизвикот, сепак сето ова е нешто ново за мене. Нормално е да почуствуваш мал страв, Вардар е голем клуб, се играат големи натпревари. Во соработка со Дејан Периќ и одличното припремање за натпреварите добив мир и голема поддршка. Функционираме како семејство. Цел ден сме заедно, на секој тренинг знам што треба да правам и никогаш ништо не е претерано. Имаме добра комуникација, секогаш добивам прашања, како се чуствувам…“.
За популарноста која ја ужива во овој момент.

„Не чека Рајн Некар Левен и дури сега ќе ја почуствувам атмосферата и големата на Вардар, кога салата ќе биде полна. Играчите ми кажуваат дека пожестоко отколку во Веспрем. Имам еден голем мир. Единствено чуствувам еуфорија на социјалните мрежи. Многу ми значи поддршката на луѓето од Македонија. Никогаш не сум доживеал нешто вакво. Имам поддршка од луѓето на улица, пријателите, семејството, сакам да им возвратам на најдобар можен начин“…

ТУКА можете да го погледнете комплетното интервју на новата ѕвезда на Вардар.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Готово: Вардар ја реши и позицијата среден бек!

Aктуелниот европски шампион го обебзеди Ловро Јотиќ и тој веројатно ќе биде последното зас…