Дома Трансфер зона Изненадување: Познат новиот клуб на Франк Рибери?

Изненадување: Познат новиот клуб на Франк Рибери?

0
ribery

Ерата на Рибери во Баерн се приближува кон крајот.

Искусниот Французин има договор кој истекува на крајот од сезоната и до продолжување на соработката нема да дојде. Поранешниот репрезентативец на Франција на почетокот на месецот наполни 36 години, но нема во план да си оди во пензија, па му остана само да побара нова дестинација.

Според пишувањата на угледниот „Kicker“, најверојатна дестинација за своевремено најдоброто крило во светот е Катар. Рибери го контакрирал Ал Сад Спорт за кого неколку сезони настапува легендарниот Чави Ернандез. До крајот на сезоната на Рибери во Баерн му остана уште еден голем предизвик. Да ја освои својата девета титула шампион на Германија, што би бил апсоултен рекордер.

Франзуцинот во Баерн пристигна летото 2007. година. На 420 натпревари постигна 122. гола, а најголемиот успех го оствари во 2013. година кога ја освои Лигата на Шампионите.


Следете го Sportski.mk и на


Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Клоп ја „краде“ германската ѕвезда пред носот на Јувентус

Јулијан Брант е еден од најдобрите фудбалер во Бундес лигата и голема желба на европските …