Аглиските медиуми пренесуваат дека Вест Хем покажува сериозен интерес за напаѓачот на Интер, Габриел Барбоса.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Габигол воопшто не се снајде во дресот на Интер и моментално настапува на позајмица во Сантос каде на 49 меча постигна 24 гола.
Неговата позајмива завршува во декември кога Бразилецот треба да се врати во Интер, но јасно е дека за него нема место на „Џузепе Меаца“.
Англиските медиуми тврдат дека од јануари би можел да се пресели во Премиер лигата каде интерес за него покажуваат Евертон, Кристал Палас, но најконкретен е интересот на Вест Хем.
Интер за неговиот потпис пред две години плати 30 милиони евра, но е спремен да го продаде за половина ова оваа сума.