Дома Трансфер зона Големото промашување на Гвардиола сака да го напушти Манчестер Сити

Големото промашување на Гвардиола сака да го напушти Манчестер Сити

Португалскиот репрезентативец, Жоао Кансело е големо промашување на Манчестер Сити минатото лето.

Тренерот Пеп Гвардиола положувше големи надежи во него и на Јувентус му плати 37 милиони евра и во Торино го испрати Бразилецот Данило. Меѓутоа Кансело скоро и да не покажа ништо во Сити.

Во Премиер лигата Португалецот настапи само на 11 натпевари. Тоа очигледно не му се допаднало, па „Мундо Депортиво“ објави дека сака да го напушти тимот во јануари.

И претходно се шпекулираше дека може да ја промени средината и да стане дел од размена на Сити и Барселона. Наводно, Гвардиола го сака Нелсон Семедо и за него на Барса сака да и го понуди Португалецот. Од Барса пак Кансело веднаш би можеле да го вклучат во потенцијалниот трансфер на Лаутаро Мартинез.

Кансело во Интер настапуваше во сезоната 2017/2018 и играше прилично добро. Сепак овие информации се уште се само во рамките на шпекулациите.

Иако има само 26 години овој десен бек промени повеќе клубови. Освен за Сити, Јувентус и Интер играше уште за Бенфика и Валенсија.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Не е само Јовиќ, Милан сака уште еден играч на Реал Мадрид

Милан минатата година го донесе Тео Хернандес од Реал Мадрид и тоа се покажа како една од …