Шпанската полиција уапсила дури 83 лица затоа што се обвинети дека учествувале во местење натпревари на Фјучерс и Челенџер турнири, пренесуваат тамошните медиуми.
Од 83-те лица, дури 28 се тенисери, кои во текот на кариерата се натпреварувале само на споменатите турнири, а еден од нив се натпреварувал на минатогодишното издание на УС Опен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првичните информации говорат за дури 97 натпревари чиј исход се смета дека е наместен. Во случај на докажување на вината на 28-те тенисери, ова ќе биде најголемиот случај на наместени натпревари во професионалните спортови во Шпанија.
Како главен организатор на наместените натпревари и манипулацијата со нивните исходи се наведува група од Ерменија која успеала да воспостави директна врска со тенисерите, со цел да оствари финансиска добивка.
Еуропол наведува дека Ерменците лично доаѓале на турнирите за да се осигураат дека работата ќе биде завршена до самиот крај, онака како што е договорено.
Во текот на акцијата, шпанската полиција запленила 167.000 евра, повеќе од 50 електронски уреди, кредитни картички, пет луксузни автомобили и пушки.