Марко Асенсио ја одби понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот и ќе го напушти клубот како слободен агент.
Неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис, но Шпанецот ги одби понудите од Премиер лигата и кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Фабрицио Романо, пренесува дека Асенсио е во завршни преговори со ПСЖ, а мадридски „АС“ тврди дека Шпанецот е блиску до потпишување договор со францускиот шампион.
Асенсио има солидна сезона во дресот на „кралевите“ затоа што постигна 12 гола и шест асистенции, но не е задоволен од тоа што не добива поголема минутажа кај тренерот Карло Анчелоти.
🚨🎖️| CONFIRMED: Asensio is joining PSG. @David_Ornstein pic.twitter.com/IUJWuYg7xo
— Madrid Xtra (@MadridXtra) June 1, 2023