Дома Фудбал Англија Глејзер продава акции од Манчестер Јунајтед, клубот нема да добие ништо

Глејзер продава акции од Манчестер Јунајтед, клубот нема да добие ништо

Сопствениците на Манчестер Јунајтед пуштија во продажба 8% акциите од клубот, чија вредност изнесува 137,12 милиони долари.

Директорите Кевин Глејзер и Адуард Глејзер ја информирале Њујоршката берза во вторник, а во соопштението е јасно назначено дека „клубот нема да добие никакви приходи од продажбата“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во март еден од сопствениците, Аврам Глејзер продаде 5 милиони од своите акции за кои добие 100,65 милиони долари.

Последната продажба претставува 8% од сопственоста на Манчестер Јунајтед која ја има семејството Глејзер. Амдриканската фамилија во моментов има 69% од акциите на клубот.

Глејезер веќе 16 години се сопственици на клубот од „Олд Трафорд“, а во последно време навивачите во неколку наврати изразија незадоволство од сопствениците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…