Дома Трансфер зона Гласините за Погба и Рабио стигнаа и до Алегри – еве што одговори стратегот на Јувентус

Гласините за Погба и Рабио стигнаа и до Алегри – еве што одговори стратегот на Јувентус

0
alegri

Гласините во медиумите стигнаа и до стратегот на Јувентус.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри присуствуваше на церемонијата во организација на „Самсунг“ кој е еден од генералните спонзори на Јувентус.

Ниту во оваа прилика Алегри не можеше да ги избегне прашањата од новинарите поврзани со гласините во медиумите. Во центарот на вниманието беше потенцијалното враќање на Пол Погба, како и можниот трансфер на Адриен Рабио од Пари Сен Жермен на кого му истекува договорот следното лето.

„Погба е играч на Манчестер Јунајтед и ќе играме два клучни натпревари против него во Лигата на шампионите. Рабио? Нема смисла сега да зборуваме за тоа во овој момент“, изјави стратегот на „Старата дама“.


Следете го Sportski.mk и на


Секако дека натпреварите помеѓу Манчестер Јунајтед ќе бидат вистинско уживање за фудбалските фанови, а дополнителен шмек на натпреварот му дава и тоа што Кристиано Роналдо ќе игра против клубот во кој се прослави во Европа.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Потврди човек кој можеби најмногу се прашува: Реал Мадрид може да го купи Лука Јовиќ! (ВИДЕО)

Не престануваат гласините околу можниот трансфер на Лука Јовиќ во редовите на Реал Мадрид.…