Лестер оваа сезона повторно е хит во Премиер лигата, па неколку млади ѕвезди во тимот на „лисиците“ го привлекоа вниманието на многу европски гиганти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми пренесуваат дека играчот за врска Џејмс Мадисон и дефанзивецот Чалар Сојунџу наскоро ќе стават потпис на нов договор и ќе ја продолжат верноста со Лестер.
Интересот за двајцата играчи е огромен од страна на клубовите од Манчестер, Челзи и Арсенал, па токму поради тоа Лестер брза да потпишат новите договори пред отварањето на зимскиот преоден рок.
Менаџерот на Лестер, Брендон Роџерс неодамна потпиша нов долгорочен договор со „лисиците“, а новите договори на двајцата важни фудбалери биле услов за тој да остане во клубот.