Дома Фудбал Англија Гигс: Јунајтед може уште 15-20 години да чека на титула во Премиер лигата

Гигс: Јунајтед може уште 15-20 години да чека на титула во Премиер лигата

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс се смета за симбол на една славна ера и историја на „црвените ѓаволи“ под водство на Сер Алекс Фергусон. Сега Гигс зборуваше за иднината на Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Манчестер Јунајтед е без освоена титула во Премиер лигата од заминувањето на славниот шкотски менаџер во 2013 година. Гигс смета дека може да помине и уште долго време за Јунајтед да застане на тронот во најсилната англиска конкуренција.

„Би можело да поминат 15-20 години додека Јунајтед ја освои новата тиутла во Премиер лигата, посебно ако Клоп и Гвардиола останат на нивните сегашни позиции“.

„Јунајтед има ресурси и играчи за големи успеси, но ги имаше и Ливерпул па минатата сезона ја освоија првата титула по 1990 година. Дури и на Клоп му беа потребни четири ипол години за да стигне до титулата, тој во секоја година го правеше клубот се подобар и подобар. Многу менаџери мислат дека ќе дојдат до титула кога ќе добијат работа во голем клуб, но не е секогаш така лесно“, изјави легендарниот Велшанец.

Гигс за Јунајтед играше од 1990 до 2014 година и освои се што можеше да се освои, а краток период беше и тренер на Манчестер Јунајтед. Селектор на Велс е од 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси ги исплаши сите, следните денови ќе бидат одлучувачки

Една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, Лионел Меси, ги исплаши сите, откако приси…