Дома Фудбал Гигс: Со 3-4 засилувања Јунајтед ќе се израмни со Сити

Гигс: Со 3-4 засилувања Јунајтед ќе се израмни со Сити

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс го кажа своето мислење за тоа што треба да направат „црвените ѓаволи“ за да бидат конкурентни за титулата.

Велшанецот смета дека на менаџерот Солскјер му е потребен нов напаѓач.

„Ако Манчестер јунајтед сака да се израмни со Манчестер сити, тогаш на тимот му требаат најмалку уште 3-4 квалитетни играчи. Тимот со еден Бруно Фернандес и Пол Погба изгледа импресивно“, изјави Гигс.

„Грилиш изгледа како фудбалер кој е идеален за Јунајтед. Тој добро ја контролира топката и има одличен преглед на играта. Сепак, тимот има најголема потреба од централен напаѓач, некој кој ќе постигнува по 25 гола во сезона“, додаде Велшанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Струга не го дава врвот: Радески ја реши Брегалница, па следуваше штипска гозба

Струга ТЛ ја совлада Брегалница со 2-1 по пресврт и стигна до 32 бода. Победата во Штип фу…