Дома Трансфер зона Гигантите се „тепаат“ за португалски дефанзивец

Гигантите се „тепаат“ за португалски дефанзивец

ПСЖ е последниот клуб кој се вклучи во трката за младиот дефанзивец на Бенфика, Антонио Силва.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за 20-годишен централент дефанзивец, кој одигра фантастично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Тој веќе е стадарден и во португалската репрезентација, а скаутите на европските гиганти се убедени дека Силва има потенцијал да биде нова голема ѕвезда во иднина.

Манчестер Јунајтед, Сити, Челзи, Баерн Минхен и Реал Мадрид веќе подолго време го следат Антонио Силва и сакаат да го доведат на лето.

Меѓутоа, тоа воопшто нема да биде лесно бидејќи Силва има договор со Бенфика до 2027 година, а португалскиот клуб за неговата слобода бара 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…