Дома Трансфер зона Гигантите се „тепаат“ за новата француска ѕвезда

Гигантите се „тепаат“ за новата француска ѕвезда

На лето се очекува голема битка за  потписот на францускиот дефанзивец, Жан Клер Тобидо, пренесува „Екип“.

24-годишниот Тобидо во 2019 година се пресели во Барселона како слободен играч, но никогаш не доби шанса на „Камп Ноу“ и беше испраќан на позајмици.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во 2021 година Ница го откупи неговиот договор, а тој игра одлично во Франција и го привлече вниманието на многу европски клубови.

Тобидо и во летото беше мета на Манчестер Јунајтед, но остана во Ница и оваа сезона е еден од најдобрите дефанзивци во Европа.

Баерн Минхен, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Ливерпул и Челзи се заинтересирани за потписот на Тобидо, а Ница за неговата слобода бара 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Една од легендите го напушта Реал Мадрид

Репрезентативецот на Шпанија, Хозе Луис Фернандес Иглесијас или познат како Начо на крајот…