Дома Фудбал Германците го молат Крос да игра на Мундијалот

Германците го молат Крос да игра на Мундијалот

Во Германија се ободуваат да го убедат Тони Крос да се врати во националниот тим за престојниот Мундијал, соопштува „Радио Марка“.

32-годишниот плејмејкер се повлече од репрезентацијата пред една година по завршувањето на Европското првенство.

Во моментов, сепак, тој е во одлична форма, поради што во татковината бараат опција како повторно да го облече дресот на германската фудбалска репрезентација.

Ова изгледа како тешка задача бидејќи деновиве Крос даде интервју во кое беше категоричен дека во Светското првенство ќе ужива само на ТВ.

Крос беше дел од репрезентацијата на Германија која го освои Светското првенство во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчез речиси исчезна во кадарот: Интервјуто по турското дерби стана хит (Видео)

Галатасарај го совлада Фенербахче со 2:1, но на социјалните мрежи внимание привлече и инте…