Дома Трансфер зона Германската легенда открива: Роналдо го сака Родригез во Јувентус, а знам и зошто

Германската легенда открива: Роналдо го сака Родригез во Јувентус, а знам и зошто

Поранешнито играч на Баерн и Интер, Лотар Матеус најави трансфер на Џејмс Родригез.

Џејмс започна да се поврзува со Наполо откако беше обајвено дека нема да остане во Баерн кој нема да го откупи договорот од Реал Мадрид. Ниту во Реал не сметаат на Колумбиецот, па тој ќе мора да бара нов клуб.

Иако изгледаше дека е блиску до Наполи, Матеус сега откри дека би можел да заврши во Јувентус.

„Џејмс и јас пред две недели разговаравме во Минхен. Искрено го гледам во Јувентус. Тој е многу близок со Роналдо и ми кажа дека е во контакт со него. Кристиано му кажал дека сака да дојде кај него во Јувентус. Можам и да разберам зошто – Џејмс ќе му подели многу асистенции и двајцата ќе блескаат“, изјави Матеус.

Овој тандем заедно играше и во Реал Мадрид помеѓу 2014 и 2017 година.

Јувентус наскоро би требало да испрати понуда за Џејмс, но претходно во Торино се чека да биде претставен Маурицио Сари за нов тренер.

Во својата кариера Џејмс освен за Баерн Минхен и Реал Мадрид го носеше дресот на Евингадо, Банфилд, Порто и Монако.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јаник Караско се враќа во Шпанија

Белгискиот репрезентативец Јаник Фереира Караско призна дека му недостасува играњето во Ев…