Дома Трансфер зона Гери Кејхил го одби Јувентус – останува во Челзи

Гери Кејхил го одби Јувентус – останува во Челзи

Дефанзивецот на Челзи, Гери Кејхил ја одби понудата на Јувентус и реши да остане на „Стенфорд Бриџ“, пренесува „Скај Спорт“.

„Старата дама“ заедно со Фулам и Монако покажаа силен интерес за 33-годишниот дефанзивец, но Кејхил проценил дека за него е најдобро да остане во Челзи и да се бори за место во тимот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Кејхил е во Челзи од 2012 година, но оваа сезона го загуби местото во стартниот тим и воопшто не добива шанса кај Сари.

Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, па тој одлучи да си замине на лето како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…