Дома Трансфер зона Гвардиола ја најде замената за Силва – тргнува по Иско

Гвардиола ја најде замената за Силва – тргнува по Иско

0

Давид Силва потврди дека на крајот на следната сезона ќе го напушти Манчестер Сити, па „граѓаните“ веќе почнаа да бараат замена за Шпанецот.

Овој 33-годишен фудбалер остави голема трага во Сити и сигурно го запиша своето име во историјата на клубот, откако пристигна пред 9 години од Валенсија.

„Граѓаните“ веднаш почнаа да бараат замена за него, а Пеп Гвардиола смета дека неговиот сонародник Иско ќе биде идеално решение.

„Марка“ пишува дека Сити веќе го контактирал Реал Мадрид и наводно е подготвен да плати 80 милиони евра за него.

„Кралевите“ не ја затвораат вратата за продажба на Иско, особено после лошата сезоната на Шпанецот и се спремни да ја прифатат понудата.

Наводно и самиот Иско е спремен за нов чекор во кариерата, а Манчестер Сити е прва опција за него.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бенатија откри: Летово ме бараше Милан

Поранешниот дефанзивец на Рома, Баерн Минхен и Јувентус, Мехди Бенатија откри дека ова лет…