Манчестер Сити покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат англиските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
22-годишниот играч за врска игра фантастично, веќе дебитираше за француската репрезентација, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Гвардиола е во потрага по квалитетен играч за врска и сака да ја победи конкуренцијата и на лето да го доведе на „Етихад“.
„Граѓаните“ веќе започнале преговори со неговиот агент и наскоро ќе испратат понуда од 50 милиони евра за неговиот потпис.
Силен интерес за Турам покажува Ливерпул веќе подолго време, но Сити сака да го „украде“ играчот пред носот на големиот ривал.