Дома Фудбал Англија Гвардиола: Цела Англија сака Ливерпул да биде шампион, тие немаат голема историја во последните 30 години

Гвардиола: Цела Англија сака Ливерпул да биде шампион, тие немаат голема историја во последните 30 години

Манчестер Сити вчера го победи Њукасл со 5:0 и направи предност од три бода во однос на најголемиот конкурент за титулата, тимот на Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Граѓаните“ во Лигата на шампионите беа елиминирани од Реал Мадрид, па така како за утеха ќе им остане само титулата во Премиер лигата до која сега се блиску. Пеп Гвардиола после вчерашната пообеда истакна дека цела Англија е против неговиот тим.

„Сите во Англија сакаат Ливерпул да ја освои титулата! Ливерпул има голема историја во европските натпреварувања, но не и во Премиер лигата, барем не во последните 30 години. Тоа е така, не можеме да гледаме само наназад и наназад“, изјави Гвардиола.

Во последните 30 години Ливерпул единствената шампионска титула ја освои во 2020 година, една година после последната европска титула во 2019 година. На 28. мај Ливерпул против Реал Мадрид ќе игра ново финале во најелитното европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нико Вилијамс ги спакувал куферите: Кариерата ја продолжува во Англија

Нико Вилијамс најверојатно го напушта Атлетик Билбао и кариерата ја продолжува во Англија.…