Во изминатите неколку дена се појави вест дека Меси поради незадоволство може да ја напушти Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Најголемата ѕвезда во историјата на Каталонија наводно е незадоволна од тоа како работи управата на Барселона. Помеѓу клубовите кои се споменуваа како негова потенцијална дестинација е и Манчестер Сити.
Пеп Гвардиола беше запрашан да даде свој коментар на оваа тема.
„Нема да зборувам за играчите кои играат во други клубови. Мислам дека тој ќе ја заврши кариерата во Барселона. Тоа е моја желба“, изјави Пеп.
Во времето кога соработуваа Меси беше најдобар фудбалер, додека Гвардиола најдобар тренер. Заедно освоија две титули во Лигата на шампионите и три во Ла Лига.