Реал Мадрид на пенали го исфрли бранителот на титулата Манчестер Сити во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. По 3:3 во Мадрид и 1:1 во Манчестер, екипите шутираа пенали во кои подобар беше шпанскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Стрелец на единствениот гол за Мадрид во Манчестер беше бразилскиот напаѓач Родриго, кој уште еднаш се покажа како херој на Кралскиот клуб во Лигата на шампионите.
По натпреварот се случи интересна ситуација со него и каталонскиот тренер на Граѓаните, Пеп Гвардиола.
Имено, Бразилецот даваше изјава по големиот триумф. Во тој момент покрај него помина Гвардиола и погледна во него. Родриго и рече на водителката: „Пеп само што помина и гледаше во мене“, по што и двајцата почнаа да се смејат.
Pep Guardiola passed by rodrygo and looked at him during the interview AND HIS REACTION LMAOOO pic.twitter.com/4XqK6PJbxG
— 🥑 (@TAAthekid66) April 17, 2024