Дома Фудбал Англија Гвардиола по завршувањето на договорот со Сити ја напушта Европа?

Гвардиола по завршувањето на договорот со Сити ја напушта Европа?

Познатиот тренер Пеп Гвардиола има договор со Манчестер сити до 2023 година, а потоа планира да ја напушти Европа, односно да потпише со Њујорк сити.

Тоа ќе биде голема загуба за Европа, но голема добивка за Америка и МЛС-лигата. Тој го презема Сити во 2016 година, откако пристигна од Баерн Минхен, а претходно со многу успех ја предводеше Барселона.

Со Манчестер сити трипати беше шампион на Англија, еднаш освои ФА-куп, четири Лига Купа, двапати Комјунити Шилд, но никогаш не успеа да ја освои Лигата на шампиони.

Во моментов на „граѓаните“ им оди многу добро, па тие се наоѓаат на второ место во Премиерлигата со 32 бода, односно еден бод помалку од Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Зидан го пофали Лукас Да Куња за играта во средината на теренот

Зинедин Зидан изрази задоволство од настапите на Лукас Да Куња за Франција во Лигата на на…