Дома Топ вести Гвардиола има таен план: На лето ја носи супер-ѕвездата на ПСЖ

Гвардиола има таен план: На лето ја носи супер-ѕвездата на ПСЖ

0

Манчестер Сити во тајност крои план како да ја донесе француската супер-ѕвезда Килијан Мбапе во летниот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.

Манчестер Сити се надева дека ќе може да ја искористи ситуација во која ПСЖ може да се најде поради непочитување на Финансискиот фер-плеј и да им го „украде“ 19 годишниот Мбапе.

ПСЖ моментално е под истрага на УЕФА поради трансферот на Нејмар од Барселона за кого „светците“ искешираа 222 милиони евра. Мбапе пристигна на „Паркот на принвоците“ како позајмен фудбалер, но ПСЌ за него ќе мора да плати 180 милиони евра на крајот на сезоната.

ПСЖ се наоѓа во тешка ситуација бидејќи може да добие голема казна од УЕФА, а таквата ситуација ќе се обиде да ја искористи Пеп Гвардиола, кој уште минатото лето го сакаше 19-годишниот Французин.


Следете го Sportski.mk и на


Каталонскиот стратег се „заљуби“ во Мбапе уште додека настапуваше во Монако, а познато е дека токму на таа позиција ќе бара засилување ова лето.

Англиските медиуми пренесуваат дека „граѓаните“ нема да имаат проблем да платат 200 милиони евра за потписот на Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Росонерите“ во транс: Експертот за трансфери најави ново засилување за Милан (фото)

Навивачите се презадоволни, со оглед на тоа каква беше ситуацијата во еден момент… Л…