Дома Македонски спорт Мак фудбал Гачевски: Ова не е шала, да останеме дома и да ја победиме оваа битка!

Гачевски: Ова не е шала, да останеме дома и да ја победиме оваа битка!

Ситуацијата со коронавирусот не е наивна, па голем дел од фудбалерите апелираат да се седи дома и да почитуваат препораките.

Слична порака сега испрати и голманот на Вардар, Филип Гачевски.

„Знам дека е тешка ситуацијата. Ова воопшто не е шала. Во Италија се случи хаос затоа што луѓето не го сфатија сериозно карантино. Знам само едно, човечкото битие е појако од се друго. Затоа, да останеме силни, да ги почитуваме препораките, да останеме дома и да ја победиме оваа битка“, гласеше Фејсбук статусот на Гачевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ристовски со хет-трик го предводеше Илинден до осма победа во низа

Илинден го совлада Кул со 5-0 и остана со максимален учинок во скопската Трета лига. Давид…