Дома Фудбал Италија Гатузо одлучи кој ќе биде капитен на Милан наредната сезона!?

Гатузо одлучи кој ќе биде капитен на Милан наредната сезона!?

Поранешниот капитен на Милан, Леонардо Бонучи, се врати во Јувентус по само една година помината на „Сан Сиро“, па сега Џенаро Гатузо мораше да одбере нов играч кој ќе ја има таа улога.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Многумина шпекулираа дека младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума, ќе ја добие капитенската лента, но Гатузо очигледно не мисли така.

Наводно, Гатузо планира за нов лидер на „росонерите“ да го постави Алесио Ромањоли, на кого најверојатно предводникот на Милан најмногу му верува.

Италијанскиот репрезентативец ја носеше капитенската лента на неколку пријателски натпревари, а наскоро тоа би требало да го напраив и на средбите од италијанската Серија А.

Ромањоли пристигна на „Сан Сиро“ од 2015. година од Рома, која доби 25 милиони евра за неговиот трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тухел изостави уште една ѕвезда од Светското првенство

Англискиот селектор Томас Тухел донесе низа изненадувачки одлуки во однос на списокот за С…