Дома Фудбал Гатузо на чекор до заминување во Саудиска Арабија

Гатузо на чекор до заминување во Саудиска Арабија

Италијанскиот фудбалски стручњак Џенаро Гатузо (46) најверојатно ќе биде нов тренер на саудискиот прволигаш Ал Тавун.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Според италијанскиот печат, 46-годишниот Гатузо ги договорил сите детали околу неговата преселба во Саудиска Арабија, а официјалното соопштение се уште се чека.

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец својата последна работа ја имаше во Марсеј, со кој раководеше од септември 2023 година до февруари оваа година.

На две кола до крајот на саудиското првенство, Ал Тавун, кој моментално го води Бразилецот Перикле Шамуска, е на четвртото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…