Дома Фудбал Лига на шампиони Гатузо: Меси е најголемиот!

Гатузо: Меси е најголемиот!

Наполи утре ја пречекува Барселона во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампиони.

Џенаро Гатузо имаше само пофалби за Лионел Меси, но тврди дека вниманието на неговите играчи не треба да биде насочено само кон Аргентинецот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Играме против многу силен тим. За овој меч му благодарам на тимот и на Карло Анчелоти кои одиграа одлично во групната фаза, јас не направив ништо. Утре сака да видам тим кој ќе игра без страв, исто како против Јувентус“, истакна Гатузо.

„Откако Сетиен го презеде тимот тимот почна да игра исто како пред неколку години. Утре може да изгубиме многу, треба да се насочиме кон целиот тим на Барселона. Меси е чудесен играч, но не само поради тоа што го прави на теренот, туку и поради начинот на кој ја гради кариерата. Тој е пример за децата, никогаш не прави и не зборува тоа што не треба“, заклучи Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Откриено што зборувале браќата Tурам во дербито: Кефрен не го послушал Маркус!

Сè уште траат расправиите, навивачите на Интер се лути на Маркус Турам кој се смееше по по…